17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, утрово упати остра јавна критика до градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, барајќи од него да даде одговори на скопјани зошто, како што тврди, се крие и шири дезинформации за надлежностите поврзани со цементарницата УСЈЕ – еден од најголемите загадувачи на воздухот во главниот град.
Преку објава на Фејсбук, Арсовска го прозва Ѓорѓиевски, потсетувајќи дека тој како претседател на ЗЕЛС (Здружението на единици на локална самоуправа), ги знае ингеренциите на сите општини, вклучително и на сопствената. Таа нагласува дека:
Арсовска предупредува и на алармантните податоци за загадувањето: измерени 300% повеќе ПМ10 честички од дозволеното и концентрации на азотни оксиди (NOx) од 711,9 mg/m³ – двојно повеќе од пропишаните граници. И покрај тоа, додава таа, Министерството за животна средина сè уште не ја одзело интегрираната А еколошка лиценца на УСЈЕ.
„Ама тој (Меџити) има други, посериозни проблеми. Не му е до животната средина,“ завршува Арсовска со остар коментар.
Овој јавен повик на градоначалничката се случува во време на зголемена јавна загриженост за загадувањето во Скопје, особено од индустриските капацитети. Од Ѓорѓиевски сè уште нема официјален одговор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

