03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, јавно обвини дека вработени во Општина Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните.
Според Арсовска, возила со општински ознаки – кои неодамна добиле нови црвени таблици за разграничување од комерцијалните – биле затекнати како транспортираат отпад и создаваат диви депонии на подрачјето на Јурумлери. Наместо да го исполнат својот законски долг и да го исчистат просторот на Вардариште, одговорните структури од општината, како што тврди градоначалничката, самите организирале фрлање отпад.
Арсовска дополнително посочи дека дел од депониите биле намерно запалени, што предизвикало сериозно загадување на воздухот и околината. Таа предупреди дека ваквите практики не само што ја влошуваат состојбата со отпадот, туку претставуваат и директна закана по здравјето на граѓаните.
„Ова е доказ дека дел од општинските структури активно учествуваат во создавање и ширење на диви депонии, а потоа свесно ги палат, со што предизвикуваат голема штета по животната средина и по квалитетот на воздухот,“ изјави Арсовска. Таа потсети дека ваквите активности се во спротивност со законските обврски и претставуваат кривични дела за кои мора да има одговорност.
Градоначалничката побара од сите надлежни институции веднаш да постапат согласно законските надлежности и да превземат мерки против одговорните лица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

