МАКЕДОНИЈА

Денес се празнуваат Св. цар Константин и царица Елена

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, се едни од најзначајните личности во историјата на христијанството. Заради нивните големи заслуги во признавањето, ширењето и зацврстувањето на христијанската вера, Светата православна црква ги прогласила за светители и рамноапостолни – титула што ги изедначува по значење со самите апостоли Христови.

Константин Велики – првиот христијански цар

Царот Константин е првиот римски император кој ја признал христијанската вера, по векови на прогон и страдања на христијаните низ Римската империја. Со Миланскиот едикт од 313 година тој официјално го озаконил христијанството, дозволувајќи слобода на вероисповед. Со тоа започнал нов период – време на слободно исповедање на Христовата вера и масовно градење на цркви. За неговото дело, црквата го споредува со апостолот Павле.

Царот Константин, познат и како втемелувач на Цариград (Константинопол), се смета и за градител на христијанскиот идентитет на Византија, која ќе стане силен столб на православието во наредните векови.

Света Елена – мајка на царот и ревносна христијанка

Царицата Елена, мајката на Константин, исто така оставила длабока трага во историјата на христијанството. Позната е по нејзината посета на Светата земја, каде, според преданието, го пронашла вистинскиот Христов крст. Таа изградла многу цркви, меѓу кои и Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим. Низ вековите, Елена е почитувана како пример за благочестива жена и покровителка на светите места.

Култот и празникот

Култот кон светите Константин и Елена почнал да се шири уште во IV век, а нивниот празник се слави на 3 јуни според новиот, односно на 21 мај според стариот календар. Во некои краишта овој ден се смета за „тежок празник“ – ден кога не се работи, туку се посветува на молитва и обичаи.

Во Гевгелиско, на пример, никој не работел на овој ден, а народот се собирал на панаѓур во селото Мрзенци. Во Радовиш пак, верниците ноќевале во селото Конче, каде што оставале ветени дарови во црквата – како крпи, кошули, чорапи, или жртвени дарови како јагниња и телиња – сето тоа како молитва за здравје и благослов.

Именден

На овој ден именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка, Лена и сите други кои го носат името на овие славни светители. Нивниот празник не е само повод за славење, туку и за сеќавање на луѓето што со својата вера, решителност и визија го смениле текот на историјата.

Нека им е слава и чест на Светите рамноапостоли Константин и Елена!

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени