TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Бадник – ден на духовна подготовка и очекување на Христовото раѓање

06 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Денес е Бадник – денот на тивко очекување на радосната вест за Христовото раѓање. Тоа е време кога семејствата се собираат, се упатуваат молитви за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба, а домот се исполнува со духот на заедништвото и надежта.

Истражувачите на народната традиција укажуваат дека во своите најстари слоеви, Коледе и Бадник биле празници поврзани со астрономските циклуси, односно со враќањето на Сонцето и симболичното „раѓање“ на новото сонце. Овој чин се поврзувал со обновата на животот и природата. Со текот на времето, Христијанската црква му дала ново, подлабоко значење на овој ден, поврзувајќи го со раѓањето на Исус Христос. На забелешките дека христијаните го слават сонцето како и паганите, свети Августин мудро одговарал: „Ние не го празнуваме сонцето како неверниците, туку Оној што го создал сонцето“.

Иако бадниковите и божиќните обичаи се разликуваат од крај до крај, па дури и од село до село, нивната суштина останува иста. Заеднички елементи се богатата, но посна бадникова трпеза, обредниот оган со дрвото Бадник и коледувањето проследено со бројни народни песни.

Бадниковата софра е симбол на изобилство и благодарност, иако е исклучиво посна. На неа се наоѓаат питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и други јадења. Според народното верување, ваквата трпеза, преку имитативна магија, треба да обезбеди плодна и бериќетна година. Обичај е по вечерата софрата да не се собира, туку да остане преку целата ноќ, а во некои краишта и за време на божиќните празници. Се верува дека во текот на ноќта ќе дојде дедо Боже да се нахрани. Во некои региони, вечерата за него се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал со посебни зборови.

Софрата традиционално се поставува врз слама, како спомен на јаслите во Витлеем каде што се родил Исус. Подоцна, таа слама се користи за врзување на овошните дрвја, со верување дека ќе ги заштити од болести и ќе донесе богат род.

Во многу македонски домови на Бадник се меси кравајче, погача или пита со сребрена пара. Навечер, по благословот, домаќинот го крши лебот на делови за сите членови на семејството, оставајќи парчиња и „за Бога“ и „за куќата“. Оној што ќе ја најде парата се смета за најсреќен во годината што следи, а парата се чува или се става во чаша со вино од која сите пијат за здравје и благосостојба.

Посебно место во бадниковите обичаи има обредниот оган и горењето на дрвото Бадник, кое може да биде даб, смрека или дива круша – дрво што симболизира постојан род. Бдеењето покрај огнот е суштински дел од празникот и се смета дека токму од таа будност потекнува и името Бадник. Во различни краишта постојат специфични верувања поврзани со догорувањето на пенушката, нејзиното чување или закопување, со цел да се обезбеди здравје и плодност за луѓето, добитокот и земјата.

Коледарските обичаи, особено присутни во Струга и други градови, се израз на радоста и објавувањето на Христовото раѓање. Децата одат од куќа до куќа, пеат коледарски песни и ја пренесуваат радосната вест за Богомладенецот, обичај што има длабоки корени во народните верувања.

Интересни и до денес живи традиции се среќаваат и во Западна Македонија, особено во селото Битуше. Денот пред Бадник, познат како Кршенделија, е поврзан со кршење ореви и гатање за годината што доаѓа. На самиот Бадник, децата собираат дабови гранки – бадници, кои се ставаат покрај иконите во домот. Дел од нив се фрлаат во огнот за време на вечерата, додека ноќта се минува во внимателност и затвореност, сè до пеењето на првите петли и подготовките за одење во црква.

Бадник, со својата симболика, обичаи и длабока духовна порака, останува еден од најзначајните празници во македонската традиција – ден што ги поврзува минатото и сегашноста, верата и народната мудрост, семејството и заедницата.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега