07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Денешниот ден, според православниот календар, е посветен на Задушница – ден кога верниците се сеќаваат на своите блиски кои починале и им оддаваат почит.
Во сите православни храмови се служи парастос – посебна богослужба за покојните. По службата, верниците традиционално ги посетуваат гробовите на своите најблиски, каде палат свеќи, принесуваат храна и пијалок и се молат за душите на починатите. Се раздава варена пченица, вино, цреши, гранчиња од орев, а со тоа се симболизира вечниот живот и надежта во воскресението.
Според црковното предание, на Задушница не се работи – не се пере, не се чисти, ниту се извршуваат земјоделски работи. Овој ден е исклучиво посветен на молитва, сеќавање и духовно размислување.
Во текот на годината постојат четири задушници: зимска, пред Велигден, есенска и летна – последната е секогаш пред празникот Духовден. Често, кај дел од верниците постои забуна меѓу Задушница и Духовден. Иако и на двата дена се оддава почит на починатите, Духовден има поинакво значење – тоа е роденденот на Црквата, денот кога Светиот Дух се симнал врз апостолите, педесет дена по Воскресението Христово, и ја означил мисијата на Црквата.
Задушница е момент за спомен, но и за потсетување на духовните вредности, на љубовта и грижата кон ближните – и оние што се меѓу нас, и оние што веќе не се.