28 февруари 2025
• од Вардарски
Во кумановскиот Основен суд денеска продолжува судењето против 37-годишната кратовчанка Илијевска, која во јуни лани ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се суди за убиство со умисла, додека нејзината одбрана тврди дека таа постапувала во нужна одбрана. На денешното рочиште ќе бидат сослушани сведоци на одбраната. Обвинетата е во домашен притвор. Таа е мајка на две малолетни деца.
На првото рочиште пред судот истакна дека не го признава кривично дело, и дека убиствата биле во нужна одбрана. Нејзината одбрана тврди дека со години била жртва на семејно насилство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

