23 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Седумгодишно девојче од селото Челопек, Тетовско, почина во Клиничката болница во Тетово, а погребот се одржа денеска во родното село. Иако Основното јавно обвинителство Тетово издаде прво усна, а потоа и писмена наредба за обдукција, семејството на починатото дете не дозволи да се спроведе.
Девојчето било примено на педијатриското одделение на 20 септември во 20:40 часот. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, состојбата на пациентката била стабилна до следниот ден. Но, поради потешкотии при голтање и преглед од дежурниот ОРЛ-лекар, детето било префрлено во Одделот за реанимација, каде што починало.
Елези изјави дека ова е втор случај кога пациенти пристигнуваат во болница по претходно примена нелегална терапија од матичен лекар, без медицински извештај. Тој апелираше до Инспекторатот за труд, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да преземат мерки против ваквата пракса.
Обвинителството ја наложи обдукцијата со цел утврдување на точните причини за смртта. Сепак, семејството на девојчето категорично одбива да дозволи спроведување на истата. Засега не е јасно дали наредбата на обвинителството ќе биде испочитувана или случајот ќе се затвори само со дисциплинска комисија во рамки на болницата и Министерството за здравство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

