27 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Укинувањето на зелениот картон би донело зголемени давачки за граѓаните при регистрација на возилата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во синоќешното гостување на ТВ 21 предупреди дека ваквото решение не е во интерес на јавноста.
„Граѓаните не ги интересира укинување на зелениот картон, затоа што тоа би значело дека би плаќале поголема регистрација, бидејќи во таа регистрација би бил вклучен и зелениот картон, независно од тоа дали ја напуштате државата или не,“ истакна таа.
Министерката појасни дека целта на Министерството за финансии не е укинување на зелениот картон, туку спречување на нови финансиски оптоварувања за граѓаните.
„Наш приоритет е да ги заштитиме граѓаните од дополнителни давачки,“ нагласи Димитриеска-Кочоска.
Министерството работи на изнаоѓање најсоодветно решение што ќе биде прифатливо и за граѓаните и за осигурителните компании. Како што истакна министерката, во фокусот е да се постигне рамнотежа која ќе обезбеди правична и одржлива практика за сите страни.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

