МАКЕДОНИЈА

Дива депонија во Гази Баба го загрозува електроснабдувањето на Скопје

14 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, попладнево алармираше за сериозна еколошка и безбедносна закана која се случува на територијата на општина Гази Баба. Според неа, инспекторатот на Град Скопје открил фирма што нелегално создава огромна дива депонија со градежен и опасен отпад, истовремено вршејќи и бесправна експлоатација на земјиште – сè тоа без никакви потребни дозволи, елаборати и лиценци.

Арсовска предупредува дека ваквите активности не само што го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина, туку и сериозно ја доведуваат во прашање безбедноста на електроснабдувањето за целиот град.

„Фирмата која создава дивата депонија го има поткопано 110kV кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје. На државно земјиште се нанесува огромна штета на клучната енергетска инфраструктура“, истакна Арсовска.

Градоначалничката остро повика институциите да не молчат пред овој проблем и да постапат итно. Таа апелираше до Министерството за внатрешни работи да преземе мерки, нагласувајќи дека неказнивоста создава чувство на недопирливост кај прекршителите.

„Очекуваме сите надлежни институции да не се кријат и конечно да преземат одговорност. Ова е сериозна закана која не смее да се игнорира“, додаде Арсовска.

Останува да се види дали и кога надлежните органи ќе постапат по овој алармантен случај што го засега не само локалното население, туку и сите граѓани на Скопје.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени