03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Додека во соседна Бугарија германскиот концерн „Рајнметал“ гради две фабрики за оружје и муниција, во Македонија денес беше поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на „Лидл“. Настанот го означи лично премиерот Христијан Мицкоски, кој ја истакна важноста на оваа инвестиција за македонската економија и за граѓаните.
Според најавите, новиот „Лидл“ ќе се простира на 3.438 квадратни метри, со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и 57 паркинг места за потрошувачите. „Ова не се само бројки, туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека проектот подолго време бил заглавен, но Владата во последните 15 месеци успеала да го откочи и да го стави меѓу приоритетите. „Горди сме што идејата станува реалност. Со тоа потврдуваме дека сме Влада која решава проблеми, отстранува пречки и отвора нови можности,“ додаде премиерот.
Еден од аспектите што посебно го истакна Мицкоски е ангажманот на „Лидл“ да зголеми застапеност на македонски производи на своите полици. „Тоа е исклучително важно – не само што ја поддржуваме локалната економија, туку и градиме доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро,“ рече премиерот.
Настанот има симболично значење за македонската политика и економија: додека во регионот се инвестира во тешка индустрија и воени технологии, Македонија го одбележува почетокот на една нова ера во малопродажбата. Иако споредбата со фабриките на „Рајнметал“ во Бугарија е контрастна, за домашниот пазар, отворањето на „Лидл“ претставува сигнал за стабилност, нови работни места и подобра конкурентност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден