06 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, бил задржан на граничен премин при обид да изнесе готовина во висина од 20.000 евра од Македонија.
Според информации од царинските служби, при детална контрола на возилото биле пронајдени пари за кои Рашковски немал соодветна потврда, ниту пак тие биле пријавени согласно законските прописи. Дел од сумата, која го надминува дозволениот лимит за износ на готовина, е одземена, а тој ќе биде прекршочно казнет.
Надлежните институции досега немаат излезено со официјално соопштение за случајот, ниту пак се има огласено самиот Рашковски.
Ова не е првпат името на Рашковски да се поврзува со правни проблеми. Тој во првостепена постапка, заедно со уште шест лица, беше осуден на затворски казни од три до осум години во предметот „Софтвери“, кој се однесува на злоупотреби со јавни набавки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден