21 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На 19 септември 2025 година, околу 12:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено физичко насилство во автобус на ЈСП.
Според информациите, Л.Ш. (19) од село Арнакија, скопско, пријавил дека додека се наоѓал во автобус во село Сарај бил нападнат и претепан од две лица.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека веднаш биле преземени мерки за расчистување на случајот и дека работат на идентификација на напаѓачите.
Настанот предизвика вознемиреност кај патниците кои се затекнале во автобусот, а полицијата истражува дали мотивот за нападот бил лична расправија или случаен конфликт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

