15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово вчера била пронајдена дрога кај еден осуденик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што е пријавено во СВР Скопје во 16:40 часот, околу 14:50 часот бил извршен претрес кај осуденикот Б.В. (47) од Скопје. При претресот, кај него биле пронајдени марихуана и кафеава материја, за кои постои сомнеж дека се наркотични средства.
Дрогата била подигната од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и е предадена за понатамошна постапка и вештачење.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осуденикот, согласно важечките законски прописи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

