06 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Цената на дрвата за огрев и оваа година бележи пораст. Еден кубен метар со вклучен транспорт сега чини и до 4.800 денари, што претставува зголемување во однос на минатата година, кога цената се движеше меѓу 4.000 и 4.500 денари.
Сопствениците на депоа велат дека побарувачката постојано расте, особено пред почетокот на грејната сезона. Дополнителен проблем, според нив, е и недостигот од работна сила, бидејќи сè помалку луѓе се подготвени да ја работат оваа тешка физичка работа.
Наем Алија, сопственик на депо за дрва, за Алсат изјави дека ова е една од најтешките сезони, бидејќи домашните резерви се ограничени, а трошоците за транспорт и увоз значително придонесуваат за поскапувањето.
„Оваа година немаме бука, обично имаме повеќе даб. Секогаш имавме, но годинава носиме дрва од Србија. Според нашите анализи, побарувачката расте секоја година – дури и тие што имаат клима-уреди повторно се враќаат на дрва, бидејќи греењето на дрва е поздраво и поефикасно“, вели Алија.
Дел од граѓаните сè уште се греат на дрва, но има и такви што преминуваат на клима-уреди или пелети, сметајќи дека тие се поекономични решенија.
„Дрвата за огрев се скапи, потребни се 4–5 кубни метри за една сезона.“
„Во моментов, најекономично е греењето со клима-уред.“
„Со пелети.“
Според проценките, едно домаќинство во текот на една зима троши околу шест кубни метри дрва.
Пописните податоци покажуваат дека повеќе од половина од домаќинствата во земјата сè уште користат дрва како главен извор на топлина. Од приближно 600.000 домаќинства, околу 312.000 се греат на дрва, а речиси 150.000 од нив се во урбани средини.
Дрвата остануваат најчестиот извор за греење, особено во градовите и во Скопје, каде околу 55.000 домаќинства сè уште користат дрва за огрев. Централното греење е достапно само за дел од населението – околу 21% или 125.700 домаќинства се приклучени на системи со радијатори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

