25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Државјанин на Унгарија почина во саботата во Скопје, откако му се слошило додека се наоѓал на улица.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 23 август 2025 година на улица „11 Март“, 61-годишниот Е.М. од Унгарија ненадејно почувствувал здравствени проблеми.
Минувачи кои се нашле на местото веднаш повикале итна медицинска помош. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал не успеале да го спасат неговиот живот.
Надлежните органи ја известиле амбасадата на Унгарија во Скопје, а според првичните информации, не постојат индиции за насилство или криминално дело.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

