македонија30 јануари 2025 Државна ревизија: 39 отсто од лековите на скопска Дерматологија се со поминат рок!!!!
Државниот завод за ревизија констатирал низа неправилности и недоследности во работата на скопската Клиника за дерматологија.
Според извештајот на Државниот завод за ревизија, во 2023 година, Клиниката примила лекови во вредност од 37,4 милиони денари, но во интерните евиденции се прикажани издадени лекови во вредност од 27,4 милиони денари, што создава разлика од 8,8 милиони денари. Пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39 отсто се лекови со поминат рок.
Ревизорите утврдиле дека Клиниката добила 13 милиони денари за набавка на апарати и лекови, без претходно стручно образложение за потребата од истите. Од оваа сума, речиси 10 милиони денари биле потрошени за два ласери, кои до денот на ревизијата сè уште не биле ставени во употреба.
Клиниката се соочува со ненаплатени побарувања од Министерството за здравство во висина од 1,3 милиони денари, чија наплата е неизвесна.