18 јануари 2025
• од Вардарски
Нема пропусти во лекувањето на деветгодишното дете од село Пеширово светиниколско, констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи каде било лекувано. Надзорот покажал дека детето првпат се јавило на преглед кај матичен лекар ПЗУ „Доктор Оливер“ во Свети Николе на 14-ти јануари. Се жалело на стомачни болки, повраќање, кашлање, со висока температура од 39 степени поради што не спиело цело деноноќие.
„При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што му е дадена инфузиска терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница – Штип“ - стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Во штипската клиничка болница детето било донесено во 18 часот и било прегледано од дежурниот доктор при што е поставена дијагноза сомноленција. Извршени му биле лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Поради влошената состојба и наодите, детето во придружба на доктор и сестра со болничко возило било транспортирано во Клиниката за детски болести во Скопје каде пристигнало половина час по 20 часот. Поради општа тешка состојба веднаш се започнати рехидратација и корекции на биохемиски параметри.
Два часа подоцна кај детето дошло до дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, па е започната реанимација, но за жал состојбата на детето и понатаму се влошила и детето починало после еден час.
Констатира Инспекторатот по извршените вонредни надзори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

