13 мај 2025
• од Вардарски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост за најновите случувања во Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија, каде што систематски и континуирано се врши деградација и исклучување на Албанците од раководни функции.
Најновиот случај со разрешувањето на сите албански заменик-шефови и поставувањето роднини на градоначалникот во Полициската станица Бутел претставува не само институционален скандал, туку и сериозен аларм за враќање на ексклузивитетот и дискриминацијата во еден од најчувствителните сектори – безбедноста.
Особено е загрижувачки фактот што ваквиот потег се случува токму во Бутел – една од најмултиетничките општини во Скопје, каде што Албанците сочинуваат значаен дел од населението.
Едноетничките и партиски мотивирани именувања во безбедносните структури, како и понижувачката деградација на професионалните полициски кадри од албанска етничка припадност, го подриваат принципот на инклузивност – клучен столб на Охридскиот рамковен договор.
Токму правичната застапеност и учество на Албанците во полицијата и армијата беа предуслов за стабилизирање на меѓуетничките односи по 2001 година.
Денес сме сведоци на обратен процес: демонтажа на механизмите за рамнотежа, што води кон враќање на недовербата и чувството на исклученост кај еден цел народ.
ДУИ апелира до Владата на Република Северна Македонија, до Министерството за внатрешни работи, како и до меѓународната заедница – особено до гарантите на Охридскиот договор – итно и недвосмислено да реагираат.
Секторот за безбедност не смее да стане алатка за етничка доминација и политичка одмазда.
Ова не е само прашање на кадровска политика – ова е прашање на стабилност, доверба и иднина на заедничката држава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

