13 април 2025
• од Вардарски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше по трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија 60 млади лица, повикувајќи на итна одговорност и спречување на слични несреќи во иднина. Во своето јавно соопштение, партијата ја обвини владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за прикривање на вистинските виновници преку создавање непотребни меѓуетнички тензии.
Според ДУИ, наместо да се преземат конкретни и итни чекори за расветлување на трагедијата и утврдување одговорност, власта се фокусирала на „сензационалистички и неосновани апсења на Албанци“ со цел да се одврати вниманието на јавноста од нејзините сопствени неуспеси.
„Овие апсења се политички мотивирани и претставуваат обид за намерно жртвување на обични граѓани, додека оние што вистински ја носат одговорноста – министри и директори – сè уште се недопирливи“, стои во реакцијата на ДУИ. Партијата исто така обвинува дека институциите се водат според „законот на Мицкоски“, а не според принципите на владеење на правото.
ДУИ испрати три јасни барања:
ДУИ го повикува премиерот Мицкоски да прекине со, како што велат, незаконски и неосновани апсења и да ги ослободи неправедно притворените лица. Партијата изразува подготвеност да се залага за правда, еднаквост и благосостојба за сите граѓани, и ги повикува меѓународните и домашните граѓански организации да се приклучат во барањето за праведно и непристрасно разрешување на кризата.
Оваа реакција доаѓа во време на сè поголема загриженост кај јавноста околу институционалната реакција на една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

