29 јануари 2025
• од Вардарски
Младинската организација на Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, како и јасно дистанцирање на Владата од, како што ги нарекоа, „антиалбанските и антизападните агенди“. Ова барање доаѓа по одликувањето „Војвода Вук“, кое му беше доделено на Стоилковиќ од Здружението на српските доброволци од војните 1912-1918 година, што младите на ДУИ го сметаат за сериозна навреда за албанскиот народ.
На прес-конференција, Ветон Садику, потпретседател на огранокот на младите на ДУИ од Гостивар, изјави:
„Го креваме нашиот глас против срамната провокација која ги шокира сите Албанци. Одликувањето „Војвода Вук“ кое му беше доделено на вицепремиерот Стоилковиќ е сериозна навреда за албанскиот народ и отворено исмејување на нашата историја. Ова е отворена поддршка на проектот „српски свет“ и на руската агенда во регионот.“
Садику истакна дека оваа држава не смее да биде платформа за глорифицирање на геноцидот и враќање на мрачните проекти кои имаат за цел да ги поделат народите во регионот. Тој додаде дека младите на ДУИ бараат веднаш оставка од министерот и јасно дистанцирање на Владата од антиалбанските и антизападните агенди. „Ние сме тука да ја заштитиме нашата иднина и правото на достоинство. Нема да дозволиме Албанците да бидат прегазени од оние кои се уште живеат во темното минато,“ нагласи Садику.
Прес-конференцијата се одржа пред Министерството за односи меѓу заедниците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

