09 април 2025
• од Вардарски
Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост реагира на изјавите дадени од Изејт Меџити, функционер на мала партија во рамки на актуелната владејачка коалиција. Неговите зборови, изречени во интервју на провладин медиум, претставуваат шокантно и отворено признание дека правдата во државата не е независна, туку се користи како алатка за политички пазарења.
Конкретно, Меџити изјави дека „доколку Арбен Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш Владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за да ослободи лица обвинети за корупција“. Ова не е лапсус. Ова е директно признание дека институциите на правдата – обвинителството и судството – не функционираат самостојно, туку под влијание на политички интереси.
Со ваквите изјави, Меџити јасно потврдува дека правдата се селектира, обвиненијата се договараат, а пресудите се резултат на политички договори. Ова е дефиниција за „заробена држава“.
ДУИ потсетува дека најголемата урбана корупциска афера во Чаир, која е детално документирана и јавно објавена, сè уште седи во фиоките на Обвинителството – без постапка, без одговорност, без правда. Денес, станува јасно зошто. Бидејќи правдата се „услугува“, се кочи, се насочува.
Ова не е европски пат. Ова е длабоко отстапување од европските вредности и принципи.
ДУИ апелира до Европската Унија, САД и сите релевантни меѓународни организации да не останат само на формални реакции и декларативни изјави, туку конкретно да се вклучат и реагираат на овие скандалозни признанија што ја откриваат вистинската слика на актуелната власт.
Не може да има европска иднина врз основа на компромитирана правда. Не може да се гради демократска држава со институции што се користат за уцени и политички договори.
ДУИ останува на страната на вистината, правдата и граѓаните. И нема да молчи пред оваа опасна фарса што го урива системот и ја загрозува иднината на сите граѓани.
Демократска Унија за Интеграција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

