07 јуни 2025
• од Гоце Кически
ДУИ изрази сериозна загриженост поради најновите извештаи за недоволно застапување на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Република Северна Македонија.
Во изјавата на ДУИ се наведува дека според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во клучни институции, вклучувајќи ги Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација.
„Овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од Уставниот суд на 9 октомври 2024 година. Овој механизам претходно овозможуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација. Отсуството на ново законско решение по укинувањето доведе до исклучување на Албанците од клучните позиции на одлучување,“ се вели во соопштението на ДУИ.
ДУИ потсетува дека правичното и адекватно застапување на сите заедници е основен столб на Охридскиот рамковен договор и предуслов за создавање еднакво и демократско општество. Партијата апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нерамнотежа и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација.
„ДУИ останува посветена на работата за еднаквост, правично претставување и целосна интеграција на Албанците во институционалниот живот на земјата,“ се истакнува во соопштението.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол