16 март 2025
• од Вардарски
Демократската Унија за Интеграција изразува најдлабока тага за тешката трагедија во Кочани, каде досега 59 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во разорниот пожар во ноќен клуб.
„Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава.
Како знак на солидарност и почит, ДУИ одлучи да ги откаже сите партиски активности и собири за една недела. Ова е момент на жалост и размислување, каде што целото внимание треба да биде насочено кон жртвите, нивните семејства и преживеаните.
Во овие тешки моменти, ДУИ стои со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа трагедија“, велат од ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

