ДУИ: Ќе го браниме албанскиот јазик и по цена на длабока политичка криза
„ДУИ нема да дозволи да се смени ниту една буква од Законот за употреба на албанскиот јазик, без разлика на политичката цена, бидејќи овој закон е усвоен врз крвта на мачениците. ДУИ порачува дека ќе го бранат албанскиот јазик и ако тоа доведе до длабока политичка криза!“ – со оваа жестока закана се огласи партијата на Али Ахмети во пресрет на подготвителната седница на Уставниот суд на Република Македонија, закажана за 20 март 2025 година, на која се очекува расправа во врска со законот за јазиците со учество на поканети експерти од таа област. Ваквото заканувачко соопштение на Демократската унија за интеграција го пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Република Македонија.
ДУИ наведува: „Ја потврдуваме својата непоколеблива определба за заштита на Законот за употреба на албанскиот јазик, достигнување осветено со жртвите на нашите маченици.
.Ги уверуваме граѓаните дека ќе ги искористиме сите демократски и институционални средства за да го одбраниме овој закон, дури и ако тоа предизвика длабока политичка криза. Изјавите на албанските партии, избрани од ВМРО ДПМНЕ, имаат за цел да ја нарушат оваа посветеност, ја покажуваат нивната политичка немоќ, сервилност и инфериорност, кон партнерите што ги избраа да ја погазат волјата на Албанците.“
„ДУИ нема да дозволи да се смени ниту една буква од Законот за употреба на албанскиот јазик, без разлика на политичката цена, бидејќи овој закон е усвоен врз крвта на мачениците.“
„Во однос на локалните избори ДУИ е подготвена да се соочи со нив во секое време и не ги смета овие кукавици како политички противници. Секој Албанец и граѓанин знае, како што знаат и самите челници на Вреди, дека нивната политичка судбина е директно поврзана со тоа дали ќе ја добијат, или не, поддршката од ВМРО ДПМНЕ за своите кандидати и затоа се подготвени да платат секоја цена и да го згазат секој национален интерес. Да беа достојни да се мерат со нас, немаше деноноќно да се молат нивниот господар да не прифати предвремени парламентарни избори.Тие разбраа дека ги чека казната од Албанците, како што ги чекаат и најцрните страници од современата албанска историја.“ – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение.