26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Синоќа, со голема свеченост беше отворен општинскиот штаб на ДУИ во Долнени, што претставува јасен показател за единството и решителноста на граѓаните. Настанот беше проследен со масовна мобилизација, која, како што потенцираат од партијата, испратила недвосмислена порака дека Албанците нема повеќе да прифаќаат потценување и газење на Охридскиот договор, ниту пак нарушување на нивното национално достоинство.
Од Долнени беше испратен силен сигнал: иднината мора да се гради врз темелите на почитта, еднаквоста и европската перспектива.
ДУИ го оцени плебисцитот како плебисцит на достоинството, рамноправноста и правото самите граѓани да ги носат своите одлуки.
Партијата им се заблагодари на граѓаните за довербата и мобилизацијата, со порака дека само обединети може да се чекори напред и да се постигнат заедничките цели. „Само обединети ќе победиме“, порачуваат од ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

