24 април 2025
• од Вардарски
Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, остро реагираше на денешната изјава на премиерот, оценувајќи ја како една од најразделувачките и антидржавни изјави досега дадени од еден владиен лидер.
Адеми истакна дека да се доведува во прашање легитимноста на учеството на албански министер во преговарачкиот тим од име на државата, претставува директно негирање на легитимното политичко претставување на Албанците во институциите на Република Северна Македонија.
„Најскандалозно од сè е што премиерот воопшто не спомена дека во истиот тим имаше и претставник од српската заедница – дури и на повисока позиција, вицепремиерот Бојан Маричиќ. Очигледно, проблемот на премиерот не е самото мултиетничко претставување, туку фактот дека станува збор за Албанец“, изјави Адеми.
Тој посочи дека ваквиот став покажува „опасна политичка и идеолошка опсесија кон Албанците“ и претставува класичен пример на двоен стандард и длабока неправда.
„Албанците не се странци во оваа држава. Тие се неразделен дел од неа и имаат целосно право да бидат достојно претставени во сите државни процеси“, подвлече портпаролот на ДУИ.
ДУИ ја повика јавноста да не остане рамнодушна на, како што велат, „ваквите дискриминаторски наративи кои ја загрозуваат кохезијата и иднината на мултиетничкото општество“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

