24 април 2025
• од Вардарски
Во најновото соопштение од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), партијата остро реагира на, како што велат, продолжените експерименти врз Албанската заедница во Северна Македонија, кои според нив имаат реални и сериозни последици врз колективните права на Албанците во државата.
ДУИ го обвинува политичкиот субјект ЛЕН, коалиција која освои само девет пратеници – што претставува околу 1.3% од вкупниот број гласови – дека се обидува да се претстави како автентичен претставник на над 29% од албанското население во институциите. Оваа коалиција, според соопштението, своето минато политичко делување го нарекува „неуспешен експеримент“, но според ДУИ, вистинскиот проблем не е во неуспехот, туку во фактот што овој пристап продолжува и денес.
„Историски, најрепресивните режими во регионот, како оној на Милошевиќ, ги користеа Албанците од Северна Македонија како инкубатор за тестирање на политики“, се вели во соопштението, укажувајќи дека денешните политики се продолжение на тој модел – само што овојпат се спроведуваат одвнатре, со соработка на Албанци кои, според ДУИ, работат против интересите на сопствениот народ.
Партијата ги посочува следните појави како дел од новиот бран на „експериментирање“:
ДУИ тврди дека овие постапки не се резултат на грешка или случајност, туку претставуваат внимателно изграден модел за „тестирање на трпеливоста“ на Албанците.
„Вие мислите дека експериментирате со Албанците, но всушност, вие самите сте експеримент на хибриден политичко-олигархиски блок кој има цел да го демонтира системот изграден на еднаквост и соживот“, предупредуваат од ДУИ.
Во заклучокот на соопштението, партијата порачува дека овој експеримент, како и многу претходни, е осуден на неуспех – но овојпат, според нив, ќе пропадне заедно со оние кои го поддржуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

