25 април 2025
• од Вардарски
ДУИ остро реагираат на однесувањето и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека тој постапува спротивно на стандардите и одговорноста што се очекува од еден државен лидер, особено во мултиетничка држава каква што е Македонија.
ДУИ смета дека однесувањето на Мицкоски би можело да се толерира доколку се работи за претседател на партиска подружница, но никако не и за премиер на држава со чувствителен меѓуетнички баланс.
„Мицкоски ги урива сите вредности кои се градеа со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и чувството на заедничка припадност,“ стои во реакцијата на партијата.
ДУИ обвинува дека со целен удар врз клучните елементи на Охридската рамковна спогодба – јазикот, системот на правична застапеност, институционалната рамнотежа, како и инспекторатот за употреба на јазиците – се доведува во прашање самото единство и интегративниот карактер на државата.
„Доколку имате за цел да ја укинете Рамковната спогодба, тогаш прашањето е – која е алтернативата?“ – прашуваат од ДУИ, повикувајќи на транспарентност и политичка одговорност.
„Во политиката нема вакуум. Ако се борите со толкава жестина против договорот кој донесе мир, интеграција и стабилност, тогаш имате обврска да кажете што нудите наместо него. Граѓаните прашуваат. И сѐ повеќе се загрижени.“
ДУИ повикува на отворена и искрена дебата за иднината на државната политика ако се случува намерна промена на курсот. Партијата порачува дека не може бесконечно да ја сноси одговорноста за последиците од, како што велат, неодговорното однесување на Мицкоски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

