05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста излегоа информации за наводен состанок во февруари 2025 година во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Според изнесените тврдења, на средбата биле присутни заменик премиерот Стоилковиќ, вицепремиерот Изет Меџити и српскиот политичар Александар Вулин, а темата на разговор бил голем инвестициски проект од Србија во „Битолска Банка“.
Демократската унија за интеграција веднаш реагираше со остар став, барајќи јавноста да добие одговори.
„Транспарентноста е темел на јавната доверба! Ние нема да дозволиме сенки и сомнежи да ја загрозат иднината на државата!“, соопштија од партијата.
ДУИ предупредува дека доколку овие информации се точни, јавноста мора да биде детално информирана за содржината и мотивите на ваквата средба. „Секое прикривање претставува директен удар врз демократијата и го загрозува државниот интегритет!“, се вели во реакцијата.
Партијата упати повик за итни појаснувања од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од заменик премиерот Стоилковиќ и од вицепремиерот Изет Меџити.
„Граѓаните заслужуваат јасни и навремени одговори! Секој таен договор кој вклучува странски финансиски интереси носи ризик од политичка зависност и влијание! Македонија не смее да биде заложник на сенки и непрозирни договори!“, нагласуваат од ДУИ.
ДУИ уште еднаш ја истакна својата определба за транспарентност и демократска одговорност:
„Ќе инсистираме на целосна транспарентност! Ќе ја браниме јавната доверба! Ќе спречиме било какви обиди за прикривање од јавноста! Народот мора да знае вистината!“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

