30 јануари 2025
• од Вардарски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позиции каде се носат одлуки. Според ДУИ, ова е особено видливо во составот на советничкиот тим на премиерот, каде речиси нема ниту еден Албанец.
„Оваа политика на мајоризација е позната од минатото и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моноетничка доминација. Тоа јасно покажува дека механизмите на мајоризација ѝ се сѐ уште потребни на земјата, со цел зачувување на мултиетничкиот карактер на општеството, едно од најголемите достигнувања кое е во целост загрозено. Градењето инклузивни и функционални институции се основата на етничката рамноправност, но и една од суштинските европски вредности на кои почива долгорочната стабилност и напредок на земјата“, посочуваат од ДУИ.
Тие додаваат дека со овој потег Владата не само што го понижува албанскиот партнер во Владата, туку создава и чувство на непожелност кај секој Албанец во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
