04 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на последниот напад врз новинарот Насер Селмани, оценувајќи го како „срамен и неприфатлив чин“ насочен кон заплашување и замолчување на критичкиот глас.
„Нападот врз автомобилот на новинарот Насер Селмани претставува срамен и неприфатлив чин, насочен кон заплашување и замолчување на критичкиот глас. Слободата на изразување и безбедноста на новинарите се темел на секое демократско општество, а секој обид за нивно нарушување претставува директен удар врз демократијата во земјата,“ реагираа денеска од партијата.
ДУИ побара од Министерството за внатрешни работи и надлежните институции веднаш да ги откријат сторителите и нарачателите на овој криминален акт. Партијата апелираше да се испрати јасна порака дека никој не е над законот.
„Секое одложување или обид за прикривање на случајот ќе се сфати како соучесништво и како неуспех на институциите да ги заштитат граѓаните и слободата на говорот,“ велат од ДУИ.
Во реакцијата се изразува целосна солидарност со новинарот Насер Селмани и неговото право да работи без страв и притисоци.
„Ние цврсто стоиме рамо до рамо со секој новинар и интелектуалец кој има храброст да ја каже вистината и да го брани јавниот интерес. Ваквите напади не заплашуваат само еден поединец, тие имаат за цел да ја заплашат целата јавност. А тоа нема да се дозволи,“ порачаа од партијата.
Претходно, самиот новинар Насер Селмани објави преку Фејсбук дека некој со нож ја оштетил гумата на неговиот автомобил пред зградата каде што живее. За настанот, како што наведе, веднаш го известил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден