24 март 2025
• од Гоце Кически
Две лица загинале, а еден малолетник бил повреден во трагичен инцидент што утринава се случил во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за медицинска помош.
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека случајот бил пријавен во 9:00 часот и дека Р.Ц. и М.Н. починале на местото на настанот од здобиените повреди. Како можен сторител на инцидентот се посочува М.Н.
„Денеска, 24.03.2025, околу 09:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, скопско, се случило пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници веднаш излегле на местото и констатирале дека Р.Ц. и М.Н. починале од здобиените повреди, а лекар од Итна медицинска помош потврдил смрт. Малолетник, исто така повреден, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошна медицинска помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.“, информираат од МВР.
Проф. д-р Марија Срцева Јовановски, директорка на ТОАРИЛУЦ, потврди дека е примен пациент кој бил повреден од огненострелно оружје. Состојбата на пациентот е релативно стабилна и по испитувањата се очекува да продолжи со лекување на Клиниката за пластична хирургија.
„Пред неполни десет минути е примен пациент кој е повреден од огненострелно оружје. Во моментов се прават испитувања. Генерално, состојбата кај него е релативно стабилна. Пациентот по испитувањата веројатно ќе продолжи на лекување на Клиниката за пластична хирургија“, изјави Срцева Јовановски.
СВР Скопје продолжува со истрагата и презема мерки за расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

