05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Албанија, Еди Рама, предизвика бурни реакции во јавноста со своите остри критики кон туристите од Албанија, Косово и Македонија. Тој ги оцени како „најголеми загадувачи“ на албанските плажи, иако, како што нагласи, често се претставуваат како најпатриотски граѓани.
„Не се туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние што зборуваат албански – оние кои на стадионите сакаат да одат во војна со Србија – тие се најголемите загадувачи на плажите“, изјави Рама.
Со оваа порака, премиерот директно ја насочи вината кон домашните и регионалните туристи кои традиционално летуваат на албанското приморје.
Рама најави дека владата ќе преземе дополнителни мерки за подигнување на туристичката култура и заштита на животната средина. Една од мерките е и можната забрана на музиката „талава“ во плажните барови. Премиерот смета дека овој музички жанр ја нарушува туристичката понуда и имиџот на албанските дестинации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден