28 јануари 2025
• од Гоце Кически
Во рамките на одбележувањето на Светскиот месец за подигнување на свесноста за рак на грло на матка, денеска во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се одржи едукативна трибина.
Како што соопштија организаторите, на трибината ќе се разговара за превенцијата, дијагностиката и третманот на ова заболување, а учесниците ќе имаат можност да се запознаат со искуството на родител во врска со ХПВ вакцинацијата.
Ракот на грлото на матката е еден од најчестите и најпревентабилни видови на рак кај жените. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), секоја година во нашата земја се дијагностицираат околу 170 нови случаи на рак на грлото на матката. Бројот на смртни случаи изнесува 2,9 на 100.000 жени, што значи дека во просек 52 жени умираат од ова заболување годишно.
Организаторите на трибината нагласуваат дека оваа активност има за цел да ја зголеми свесноста за важноста на редовните прегледи, вакцинирањето и раното откривање на заболувањето, што може да ги спаси многу животи.
Трибината ќе биде отворена за сите заинтересирани, а учеството е бесплатно.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

