Ексклузивни снимки од моментот на убиството во Штип: Граѓаните во шок по трагедијата на плоштадот
Штипјани се во шок и голема вознемиреност поради трагичниот инцидент што се случи вечерва во центарот на градот. Според информациите на Инфомакс, едно лице било усмртено со огнено оружје во единственото кафуле на плоштадот — Вами кафе.
Очевидци за Инфомакс изјавиле дека убијцата и жртвата седеле на различни маси во кафулето, кога напаѓачот извадил пиштол и го застрелал другиот маж пред очите на бројни гости и минувачи. Настанот се случил брзо, оставајќи ги присутните во паника и страв.
Неофицијално, и убијцата и убиениот се турски државјани кои студираат во Штип. Засега мотивите за убиството не се познати, а полицијата спроведува истрага за расветлување на случајот.
Граѓаните на Штип велат дека се длабоко вознемирени бидејќи вакви крвави инциденти досега не се случувале во нивниот град. Многумина изразија загриженост за безбедноста, особено имајќи предвид дека инцидентот се случил на едно од најфреквентните места во градот.
Полицијата апелира до граѓаните за смиреност и најавува брза прес-конференција со повеќе детали околу случајот.