31 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Архиепископот Стефан официјално го предложи монахот Георгиј како кандидат за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, дознава Религија.мк од извори во Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Предлогот бил испратен до членовите на Синодот денеска, а изборната седница е закажана за 12 јуни. Со ова, започнува формалната постапка за ракополагање на монахот Георгиј во епископски чин и негов избор за Митрополит на една од најзначајните епархии во црквата.
Монах Георгиј, во световниот живот познат како Ѓоко Ѓоргевски, е поранешен декан на Богословскиот факултет и поранешен амбасадор на Македонија во Ватикан. Тој беше замонашен на 27 мај, наредниот ден (28 мај) беше произведен во јероѓакон, а денеска е возвишен во чин јеромонах.
Ако Синодот го прифати предлогот, Георгиј за само 16 дена од неговото замонашување ќе стане епископ и митрополит. Овој динамичен развој на настаните претставува еден од најбрзите црковни подеми во поновата историја на МПЦ-ОА.
Останува да се види дали Синодот ќе даде зелено светло за овој избор и какви ќе бидат реакциите во јавноста и црковната заедница во деновите што следуваат.