31 март 2025
• од Гоце Кически
Полициски службеници од СВР Скопје го идентификуваа и повикаа на службен разговор лицето Л.М. од Скопје, кое со патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички се движело по тротоар и зелена површина на булевар „Гоце Делчев“ во близина на Бит Пазар. Инцидентот се случил на 28 март 2025 година, а со своето несовесно возење, возачот ја загрозил безбедноста на пешаците.
Овој случај привлече внимание откако снимка од настанот беше споделена на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции кај јавноста. По објавената снимка, редакцијата на Вестимак испрати сигнал до Министерството за внатрешни работи, барајќи информации за постапувањето по овој инцидент.
Министерството за внатрешни работи потврди дека по спроведените проверки, против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци, а полицијата продолжува со засилен надзор на сообраќајните прекршоци кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.
Овој случај е уште еден показател за потребата од почитување на сообраќајните прописи и засилен ангажман на институциите во санкционирањето на неодговорните возачи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

