21 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Скопје, 21 септември 2025 — Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија остро го осуди најновиот случај на фемицид, кој се случи на 15 септември – токму на денот кога светот ја одбележа 30-годишнината од Пекиншката декларација и платформата за акција, еден од најзначајните документи за унапредување на правата на жените.
„Оваа трагедија не е изолиран инцидент туку ги отсликува празнините во системот,“ се вели во соопштението на ЕУ. Од таму бараат институциите во државата да реагираат со решителност, да спроведат темелни истраги и да гарантираат дека секоја пријава за насилство врз жена ќе биде третирана со должно внимание.
Од Делегацијата потсетуваат дека годишнината на Пекиншката декларација е симболична можност да се потврди заложбата направена пред три децении: крај на насилството врз жените и девојчињата и обезбедување на нивното основно право на сигурност, достоинство и еднаквост.
Фемицидот, најекстремната форма на родово базирано насилство, останува сериозен општествен предизвик во Македонија и регионот. ЕУ апелира дека спречувањето на вакви трагедии мора да биде врвен приоритет, преку системски реформи, подобра координација меѓу институциите и јакнење на поддршката за жртвите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

