04 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Ева Заева, долгогодишна партнерка на прерано починатиот бизнисмен Душко Чифлиганец, со емотивна објава на својот Инстаграм Стори се прости од човекот со кого ја делеше љубовта во последните неколку години.
Во приказната која ја сподели, се гледа фотографија на која таа и Душко се возат во автомобил, со споени раце кренати високо во воздух – симбол на љубов, слобода и заедништво. Заевa ја дополни фотографијата со баладата Always од Bon Jovi, песна која често се поврзува со љубов, вечна поврзаност и тешка загуба.
Оваа кратка, но силна објава ја пренесе длабоката тага и болка што ја чувствува Ева поради ненадејната смрт на Душко, оставајќи без зборови многумина кои ги следат на социјалните мрежи. Во моментите кога зборовите се недоволни, еден гест, една фотографија и една песна зборуваат повеќе од илјада реченици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

