01 април 2025
• од Вардарски
Арта Билали Зендели од Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на досегашниот тек на истрагата за трагедијата во Кочани, нарекувајќи ја "добро организирана фарса" чија цел е да ги заштити вистинските виновници, наместо да ја открие вистината и обезбеди правда.
Во соопштение на ДУИ, се нагласува дека секојдневно излегуваат нови докази кои укажуваат дека процесот е политички воден и далеку од независен и професионален. Наместо објективна истрага, јавноста, според партијата, е сведок на сценарио со однапред подготвена завршница – целосна амнестија за оние што навистина сносат одговорност.
"59 млади животи беа изгубени, а системот не само што не нуди одговорност, туку се обидува да ја префрли вината на некој друг", стои во соопштението. ДУИ тврди дека полициски службеници во Кочани изготвувале и испраќале документи за сериозни неправилности во објектот ПУЛС – објект кој работел без лиценца, во услови далеку од безбедни. Сепак, наместо акција, властите архивирале предупредувањата и дури му овозможиле на сопственикот легална заштита преку официјални документи.
Особено е алармантен, според ДУИ, фактот што и покрај постоењето на конкретни дописи за злоупотреби, тепачки, дистрибуција на дрога и други прекршоци во објектот, никој од полициската команда – од Кочани, преку Штип, до Бирото за јавна безбедност – не презел мерки.
"Наместо да го затворат објектот, тие му овозможиле да продолжи со работа, па дури и да реновира, организира забави, додека институциите биле неми сведоци", потенцира ДУИ.
Критиките се насочени и кон изборот на обвинети во случајот – поранешен министер за економија кој, според партијата, нема никаква врска со безбедносни аспекти на локали. Овој потег се оценува како циничен обид да се создаде алиби и да се одвлече вниманието од вистинските одговорни лица.
ДУИ јавно бара:
„Не бараме политички поени – бараме правда. Нема да молчиме“, порачува Зендели, потенцирајќи дека оваа трагедија не смее да заврши со лаги и манипулации.
ДУИ најавува дека ќе продолжи со притисок сè додека јавноста не добие вистински одговори – за семејствата на жртвите, за граѓаните, и за правда која, според нив, е одамна изгубена во институционалниот мрак.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

