07 мај 2025
• од Вардарски
Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против 42-годишниот О.В. од Кавадарци поради сомнение за извршени четири кривични дела „тешка кражба“, согласно член 236 од Кривичниот законик.
Според информациите од ОВР Кавадарци, во периодот од ноември 2024 до мај 2025 година, осомничениот со употреба на сила и со подесен алат извршил кражби од повеќе локации, вклучувајќи семејни домови, Општата болница во Кавадарци и верски објект во Росоман.
Крадецот бил фатен на 6 мај 2025 година, околу 7 часот на улицата „Зелен пазар“ во Кавадарци, кога полициските службеници го лишиле од слобода.
Основниот суд Кавадарци му изрече мерка притвор, по што осомничениот е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, каде ќе ја издржува мерката.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно расветлување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

