04 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Заменик-претседателот на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Фетаи, изјави дека силно ја поддржува историската и храбра одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, со што, како што нагласи, се става крај на еден авторитарен режим кој со години поттикнувал мрежи на наркотрговија и ја загрозувал регионалната и глобалната безбедност.
„Како непоколеблив сојузник на НАТО, Северна Македонија силно ги поддржува активностите насочени кон зајакнување на колективната безбедност, владеењето на правото и заштитата на демократијата, кои се гаранција за мир и слобода“, истакна Фетаи.
Според него, оваа решителна операција против мрежите на дрога, корупцијата и авторитарните влијанија претставува значаен чекор кон елиминирање на заканите што ги поткопуваат сојузниците и евроатлантскиот поредок.
„Историјата покажува дека кога Америка води со решителност и храброст, сојузниците се чувствуваат побезбедно, демократиите се зајакнуваат, а светот станува посигурно и послободно место“, нагласи Фетаи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

