30 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизијата Алсат М изјави дека последната анкета на агенцијата Маркет Вижн е нарачана од Владата и не ги прикажува реалните политички состојби во земјата. Тој ја оспори релевантноста на резултатите, тврдејќи дека разликата во рејтингот меѓу политичките партии е далеку од она што било прикажано.
„Сметаме дека тоа не се реални резултати, бидејќи не се совпаѓаат со податоците добиени од други независни извори. Имавме презентација на анкета направена од целосно независен институт, а и нашата партиска анкета ќе биде готова следната недела. Првичните податоци покажуваат сосема поинаква слика од онаа што Владата сака да ја наметне“, изјави Филипче.
На прашањето за подготвеноста на СДСМ за избори, тој потврди дека партијата е подготвена за сите сценарија – било да се работи за локални, парламентарни или комбинирани избори.
„СДСМ е во сè подобра кондиција. Процесот на консолидација го водам лично, преку разговори со голем број членови на партијата. Целта е изградба на систем кој ќе овозможи избор на најдобрите кандидати – луѓе со кредибилитет, доверба и капацитет за реализација на изборната програма“, потенцираше Филипче.
Тој откри и неколку главни теми од идната изборна програма на СДСМ за локалните избори. Меѓу приоритетите ќе бидат заштитата на животната средина, унапредувањето на спортот – особено во насока на младите, подобрувањето на градската инфраструктура и други области од значење за граѓаните и општините.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

