03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во скопската општина Кисела Вода, остро ја критикуваше работата на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека тие немаат сопствени инвестиции и се фалат со проекти реализирани од СДСМ.
Филипче посочи дека Мицкоски на своите митинзи зборува „басни“, бидејќи, како што рече, нема конкретни дела со кои би можел да се пофали.
„Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт, а немаат ниту една своја инвестиција“, истакна тој.
Претседателот на СДСМ додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги користеле инвестициите на СДСМ за политичка промоција.
„Отвораа патишта што беа веќе завршени, фабрики во кои одеа по трипати, дури и работниците се шегуваа со тоа. Сè што успеаја да направат е да сечат ленти на проекти што ние ги реализиравме до 98 или 99 проценти“, рече Филипче, додавајќи: „Да не се проектите на СДСМ – Мицкоски нема ни каде да се слика.“
Во своето обраќање Филипче потенцираше дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, економијата доживеала пад.
„Ова е реалноста – лажат, манипулираат и трошат пари за себе, а граѓаните остануваат без иднина“, порача лидерот на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден