25 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на теренските активности, денеска беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и членови на партијата. Од таму упати остри критики кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ја првата година од мандатот како „почеток на пропаст за државата“.
„Додека граѓаните чувствуваат разочараност и изневерени очекувања, власта зборува за иднина и ветува дека најдоброто допрва доаѓа. Но, по четири години локална и една година централна власт, не може да се бара заборав на минатото. Денот по утрото се познава“, порача Филипче.
Тој предупреди на сериозни економски и социјални проблеми, наведувајќи дека земјоделците се без поддршка, економијата е во застој со негативен раст, платите не растат, а реформи во судството нема. Како што рече, и покрај владините тврдења за економски успех, реалноста е поинаква – „долгови од 7 милијарди евра, галопирачка инфлација и отсуство на мерки за заштита на граѓаните“.
Филипче ја истакна директната реакција на теренот, велејќи дека „граѓаните не се лажат повеќе со манипулации и празни ветувања“ и дека „најлошото допрва доаѓа ако продолжи ваквото владеење“.
На крајот, претседателот на СДСМ ја истакна решеноста на партијата: „СДСМ останува таму каде што власта одамна не е – меѓу народот. Битката што следи не е само изборна – таа е борба за нормалност.“