02 февруари 2025
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа жестоко ја критикуваше актуелната состојба во македонскиот здравствен сектор, упатувајќи остри забелешки кон Владата за, како што рече, „крајно неодговорно водење на здравствените политики“.
„Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави Филипче.
Филипче предупреди дека многу клиники се раководени од директори без соодветно искуство, што, според него, сериозно го влошува функционирањето на здравствениот систем.
„Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми“, посочи тој. Дополнително, Филипче обвини дека некои директори злоупотребуваат службени позиции за лична корист.
„Има директори коишто се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките.“
Филипче истакна дека хаосот во здравствениот сектор најмногу ги погодува пациентите. Тие се соочуваат со долги листи на чекање, недостиг на лекови и несоодветна терапија.
„Огромни се листите на чекања, нема лекови – сето тоа укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и на Министерството за здравство во делот на манаџирањето на клиниките,“ истакна тој. Дополнително, Филипче предупреди дека нефункционалниот систем веќе резултира со човечки загуби.
„Цената којашто се плаќа се човечки животи коишто во меѓувреме не можат да ја примат соодветната терапија,“ изјави тој.
СДСМ бара итна реакција од Владата и Министерството за здравство за да се заштитат пациентите и да се спречат поголеми штети во здравствениот систем.
Целото интервју со Венко Филипче е достапно на следниот линк: Интервју Радио Слободна Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

