29 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја посети општина Радовиш каде се сретна со граѓаните и разговараше за економските и социјалните проблеми со кои тие се соочуваат. Во своето обраќање, Филипче упати сериозна критика кон економската политика на актуелната власт, нагласувајќи дека состојбата во земјата е алармантна.
„По десет месеци од новата власт, разочарувањето е големо. Цените продолжуваат да растат, платите стагнираат, а граѓаните сè потешко врзуваат крај со крај“, рече Филипче, изразувајќи загриженост за секојдневниот живот на граѓаните.
Според него, и покрај бројните предлози и закони што СДСМ ги доставува во насока на економско раздвижување и зголемување на платите, власта не покажува слух за решавање на проблемите. Особено алармантна, според него, е најновата проекција на Светската банка, според која Македонија ќе има најнизок економски раст во регионот годинава.
„Владата ветуваше лидерство во регионот, а ние сме на дното. Ова е резултат на погрешни економски политики и негрижа за граѓаните“, изјави лидерот на СДСМ.
Филипче потенцираше дека неговата партија останува доследна на заложбата за подобар живот за сите и најави дека СДСМ ќе продолжи со конкретни решенија за справување со економската криза.
„Силно верувам дека граѓаните ќе ја препознаат искрената намера и чесните политики кои ги нудиме“, додаде тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

