24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја неговата влада за целосен застој во реформите во правосудниот систем.
Филипче посочи дека единствените кои ја чувствуваат цената на недејствувањето на Владата се граѓаните, кои се разочарани од тоа што во судството не е направен ниту еден чекор напред. Тој нагласи дека Мицкоски не може да се поставува како аналитичар и да ги коментира состојбите, бидејќи директно е одговорен за спроведување на реформите.
„Недозволиво е премиерот да се дистанцира и да зборува како набљудувач. Досега не е спроведена ниту една од предвидените реформи, ниту пак се донесени реформските закони предвидени со Планот за раст“, рече лидерот на СДСМ.
Според Филипче, за 2025 година биле предвидени вкупно 12 закони во областа на правосудството – седум до јуни и уште пет до крајот на годината. Но, ниту еден не е поднесен во Собранието.
„Во Собранието не е доставен ниту еден закон, иако за нив е врзан и дел од буџетот од Европската Унија. Веќе е изгубен дел од тие средства. Министерството за правда нема испорачано ништо“, изјави тој.
Филипче потсети дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ располага со 58 пратеници и речиси двотретинско мнозинство во коалиција, што дополнително ја прави неодржлива ситуацијата со застојот во реформите.
„Нема никакво оправдување – Владата има стабилно мнозинство, но правосудните реформи целосно стагнираат“, нагласи тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

