27 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител остро го критикуваше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, обвинувајќи го за целосен недостаток на контрола врз безбедносната состојба во државата.
„Секојдневно се случуваат инциденти кои укажуваат дека министерот Тошковски нема апсолутно никаква контрола на теренот. Луѓето се убиваат по улиците со цели шаржери, сообраќајни несреќи со загинати се случуваат речиси секоја недела, а инциденти со смртни последици се секојдневие“, истакна Филипче. Тој нагласи дека Тошковски е на чело на Министерството за внатрешни работи повеќе од една година, вклучително и во периодот на техничката влада, и дека неговото работење е несоодветно, без притоа да се впушта во политизација на темата.
Филипче дополнително потенцираше дека трагедијата во Кочани, како и секојдневните инциденти на улиците, ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и се клучна причина поради која СДСМ ќе ја поддржи интерпелацијата за министерот Тошковски.
„Државата се наоѓа во многу тешка состојба, како никогаш досега, соочена со економска и длабока општествена криза“, оцени Филипче. Тој посочи дека катастрофалното водење на истрагата за пожарот во Кочани само дополнително ја потврдува потребата за итна реакција. „Имаме обврска интензивно да работиме за да ја вратиме довербата на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

