07 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
ретседателот на СДСМ, Венко Филипче, од вечерашната граѓанска трибина во Центар упати остри критики кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за неспособност и оддалеченост од реалните проблеми на граѓаните.
„Додека младите заминуваат од државата во потрага по подобар живот, тие зборуваат за загари и орли,“ рече Филипче, алудирајќи на политичките препукувања и реториката што ја користи власта.
Филипче оцени дека зад „црната кампања“ на ВМРО-ДПМНЕ стои власт која „не сака напредок, дијалог ниту компромис“. Според него, сегашното владеење претставува „власт која е непријател на државата“.
„Тоа е власт што се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија што ја контролира со корупција и од хаос во кој создава апатија,“ нагласи Филипче, додавајќи дека нема да влегува во „нивната кал“, туку ќе продолжи да ја разобличува.
Тој ги осуди, како што рече, националистичките и лажнопатриотски настапи на власта, нарекувајќи ги „театар за деца“.
Лидерот на СДСМ предупреди на „подмолните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за поделба на граѓаните“ и секојдневните етикетирања на опозицијата како „предавници“.
„Овие режимски практики се продолжение на најлошите времиња на груевизмот,“ рече тој.
Филипче истакна дека „времето било доволно долго за да се види дека имаме власт која е отуѓена од народот, партизира и узурпира институции, и одбива да го слушне крикот на граѓаните“.
„Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ, која ја водат од првиот ден на своето владеење. Оваа мизерна и ниска кампања е одраз на нивната немоќ и неспособност,“ рече Филипче, додавајќи дека „зад неа се кријат лошите намери на власта за иднината на земјата.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден